Ивана, сопругата на Жарко Луковски, за ,,Фокус” ја открива причината за неговата смрт

by fokus 15:04
15:04

Смртта на Жарко Луковски, поранешен главен извршен директор на Т-Мобиле, кој почина на 28-ми ноември, на 57-годишна возраст, предизвика низа на шпекулации во јавноста.

Тој беше близок пријател на Орце Камчев и Сашо Мијалков, кој во времето додека беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање му беше и кум на венчавката. Но, она што најмногу ги предизвика претпоставките и разните шпекулации околу неговата ненадејна смрт беше тоа што Луковски беше осомничен во случајот на СЈО, „Базни станици“ за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои и државата.

- Advertising -

Се нижеа приказни дека починал по долго и тешко боледување во соседна Србија, а на социјалните мрежи беа актуелни и тврдења дека најверојатно извршил самоубиство поради големи притисоци на кои бил изложен во изминатиот период. Со цел да стави крај на шпекулациите, неговата сопруга Ивана Луковска, за „Фокус” ја откри причината за неговата смрт.

-Прочитав дел од шпекулациите за смртта на мојот сопруг и таткото на моите деца. Со цел да се стави крај на сите невистини и претпоставки решив да прозборам јавно. Дијагнозата е Интерцеребрална хеморагија, односно мозочен удар. Се друго е неточно. Жарко боледуваше пред неколку години, но со соодветна терапија ја победи болеста. Ова што се случи е комплетно неочекувано и секако огромен шок – појаснува Луковска, додавајќи дека нејзиниот сопруг не починал во Србија, како што некои медиуми објавија, туку во Скопје.

Ивана и Жарко беа во врска четири години пред да направат голема свадбена свеченост, во јуни 2014 година. Пред да стапат во брак веќе имаа две деца, Ена и Лука.

-Ена и Лука се прекрасни деца, на возраст од седум и шест години. И Жарко беше прекрасен сопруг и неверојатен татко – ни изјави неговата сопруга.

В.К.

Поврзани новости