ВМРО и СДСМ постигнаа договор, Максим Ацевски е предложен за нов државен ревизор

by Фокус

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го предложи Максим Ацевски за главен државен ревизор.

Ваквиот епилог следува откако членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дошле до општо прифатливо решение да го предложат Ацевски за нов главен државен ревизор од 12-те пријавени кандидати.

Тој е дипломиран економист од Велес, кој во ДЗР е од 2001 година до денес, а честопати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на заводот.

Поврзани новости