И возачот на автобусот на „Дурмотурс“ пуштен да се брани од слобода

by fokus

И возачот на автобусот на „Дурмотурс“, Маноил Трифуновски и уште еден обвинет во случајот, раководител на станицата за технички преглед, се пуштени од притвор од Шутка на слобода, со понудена гаранција и на двајцата им се определени мерки на претпазливост.

Скопското обвинителство вложи жалба на Решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Обвинителството во поднесената жалба истакнува дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетите како основ за притворска мерка и дека ниту една друга мерка не е доволна гаранција за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Пред извесен период прво беше пуштен од притвор сопственикот на „Дурмотурс“, Дурмиш Белули. Во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 лица.

Поврзани новости