Истражување: Над 80 отсто од граѓаните сакаат да се иселат од Македонија!

by Фокус

Дури 63,4 отсто од граѓаните не се задоволни од вработувањето, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина, покажува анкетата спроведена од Инфоцентарот во партнерство со Македонскиот центар за европско образование, Осми Септември и Центарот за развој на медиуми, во периодот ноември 2015 – јануари 2016 година.

Според ова истражување, дури 83,3 отсто од испитаниците оценуваат дека условите за вработување се лоши. На прашањето дали би се иселиле надвор од Македонија, исклучително високи 83,7 отсто од испитаниците се изјасниле позитивно. Две третини од нив – 52,4 отсто, би се иселиле во некоја од заподноевропските држави, речиси 12 отсто во САД и Канада, а во некоја од скандинавските држави би се иселиле 10,3 отсто од испитаниците.

Работата (невработеноста, потрагата по подобро вработување) – 34 отсто, општествената ситуација (главно партиските вработувања, а потоа и вкупната политичката ситуација) – 33,5 отсто и економската стабилност односно финансиите – 17 отсто се главните причини заради кои младите би ја напуштиле државата.

Иако посакуваат да имаат две, a некои и три деца, сепак, поголемиот дел од испитаниците кои основале свое семејство, или немаат деца или имаат само едно дете. За најголемиот дел од младите луѓе клучни предуслови за основање семејство, како и причини зашто се уште не основале семејство се вработувањето, финансиите и партнерот односно возраста.

Оваа анкета има за цел да ги истражи мислењата и ставовите на младите луѓе за две теми: планирање на семејството и миграциите. Со анкетата се опфатени вкупно 503 испитаници на возраст од 20 до 35 години, во сите плански региони. Младите луѓе воопшто не се задоволни од условите што им ги нудат општините во кои живеат.

Поврзани новости