Судовите намалија плата, синдикатот формира солидарен фонд

by Фокус

Откако се реализираше наредбата за исплата на намалена плата за 40 отсто на судските административци кои штрајкуваа, Синдикатот на вработени во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) најавија кривични пријави за претседателите на судовите и формирање на солидарен фонд за помош на штрајкувачите.

„Со цел Синдикатот на УПОЗ и ЗСА да ги заштитат штрајкувачите од понеделник против претседателите на судовите кои издадоа наредба за кратење на платата ќе поднесат кривични пријави, а во најскоро време и штрајкувачите ќе поднесат поединечни граѓански тужби за надомест на разликата во исплатените плати“ стои во соопштението.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА ќе формираат солидарен фонд за штрајкувачите, а парите кои ќе се соберат во фондот ќе бидат наменети за помош на судската администрација која штрајкуваше против ниските плати.

Поврзани новости