Исто како во европските земји, комплетен сервис за вашиот дом и компанија

by Fokus

Нов, современ и комплетен КС Сервис за вашиот дом и компанија со нивна достапност од 24 часа 7 дена во неделата се отвори во Скопје лоциран во Луна Бизнис Центар.

– КС Сервис е комплетно нов концепт на нашиот пазар, многу различен од сите останати поради што силно веруваме дека набргу ќе стане составен дел од секое семејство, канцеларија и компанија. Водени од потребата дека секоја компанија или дом има потреба од услуги кои треба да бидат лесно достапни и со брзи и едноставни решенија, како и со ниска цена, токму ние тоа го нудиме на пазарот за првпат по теркот како во европските земји- истакнаа од КС Сервис.

Од компанијата велат дека сервисот нуди столарски, водоинсталатерски, електричарски, браварски и молерофарбарски услуги кои се извршуваат од страна на професионални мајстори со повеќегодишно работно искуство.

Единствена цел на тимот на КС Сервис е да биде сервис на сигурност и доверба за секое семејство, за секој дефект или неочекувана ситуација во вашиот дом или работно место .

– Освен во Скопје КС сервис отворивме и во Битола така што по барања на корисниците кои се изработуваат како додатни дејности имаме можност да склучиме посебен договор помеѓу нарачателот и изведувачот, додадоа од компанијата.

Исто така КС Сервис нуди и проектирање, дизајн и изведба на домаќинства, комплетни и делумни опремувања и реновирања на простории, велат тие.

Со опцијата за месечна претплата секое семејство добива можност за планирање на својот буџет и избегнување на дополнителни трошоци при потреба од отстранување или санација на дефект во вашиот дом.

КС сервис најквалитетно решение за вашиот проблем за сервисирање и услуги за компанијата или за домот информирајте се онлајн на нивниот веб ksservis.mk

Поврзани новости