Интересот на граѓаните пред се, изборите мора да се одржат, напиша Заев

by Fokus

Повеќе од два часа трае лидерската средба во вилата Водно кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека средбата се уште трае, но очекува на прво место да биде ставен интересот на граѓаните и да се одреди конкретен датум за избори.

„Од здравствен, од економски и демократски апсект одговорно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок, веднаш штом условите го дозволуваат тоа, согласно препораките на здравствените институции – напиша Заев.

Од друга страна пак, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски смета дека изборното случување треба да се случи на крајот на летото.

Поврзани новости