Отворен хотелот Папагал во Пустец

by lali

Со свеченост на која присуствуваше и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски во населбата Пустец, крај Преспанското езеро, беше пуштен во употреба хотелот Папагал. Станува збор за хотел од висока А-категорија, реплика на позната зграда од Скопје. Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пустец го осуди хотелот нарекувајќи го “хотел по ромски вкус”, а тоа го потврдија и неколку ромски организации.

– Наш член нема да стапне во оваа гадотија. Хотел е ова или панаѓур. Очекуваме на претстојните избори граѓаните на Пустец масовно да излезат и да го дадат својот глас против овој невкус на опозицијата – нагласуваат вмровци од Пустец.

Жерновски на свеченото отворање рече дека би сакал цел Центар да изгледа вака, но оти му се врзани рацете.

Поврзани новости