Инспекторите со петиција со поддршка за директорот Пауновски

by Фокус

Инспекторите и другите вработени во Пазарниот инспекторат потпишуваат петиција за поддршка на директорот Стојко Пауновски и воедно бараат итна средба со премиерот Зоран Заев.

Од таму упатуваат пофалници за Пауновски, истакнувајќи дека тој професионално и одговорно ја води институцијата, што, велат тие, го покажуваат постигнатите резултати.

Ваквата одлука следува откако попладнево премиерот Заев истакна дека очекува предлог за разрешување на Пауновски, поради тоа што не сака да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот.

Поврзани новости