Иницијатива за прогласување на Осогово за заштитено подрачје на природата

by fokus

Во општина Крива Паланка ќе се одржи јавна расправа за иницијативата за прогласување на Осогово за заштитено подрачје на природата од петта категоријаРасправата е дел од серијата јавни расправи со засегнатите страни, а во Крива Паланка е закажана за 26 август 2020 година.

– Јавната расправа за прогласување на Осогово за заштитено подрачје е планирано да се реалзиира според протоколите за заштита од Ковид-19,  а ќе се одржи на 26 август 2020, со почеток во 18 часот, во дворот на средното општинско училиште „Ѓорче Петров во Крива Паланка. Поради подетално запознавање на засегнатите страни и сите граѓани, на увид на општинската страница www.krivapalanka.gov.mk се поставени сите потребни документи кои се однесуваат на оваа тема, информира службата за комуникација со јавност апри локланата самоуправа на Крива Паланка.

На веб-страната на општината се поставени следниет докуметни: нацрт–одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје од категорија V – заштитен предел, известување за изработка на акт за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, анекс на студијата за валоризација за предлог подрачјето за заштита „Осоговски Планини“ во категорија „заштитен предел“, студија за валоризација за предлог подрачјето за заштита „Осоговски Планини“ во категорија „заштитен предел“.

Поврзани новости