ВМРО-ДПМНЕ смисли оригинална идеја за да се справи со безидејноста – ќе купува идеи од граѓаните. На повеќе пунктови низ земјава се поставени тезги за идеи. Секој граѓанин кој има идеја, од денеска може скапо да ја наплати – една идеја владејачката партија ја наплаќа 10 денари, но затоа ако имате цело кило идеи, или во подрум имате заостанати идеи од лани, ќе добиете цели 200 денари по колограм.
– Безидејноста веќе не е проблем. Сфатете не, веќе осум години победуваме, реализиравме едно чудо идеи, сто чекори, па проширени, па надградени, материјалот е малку потрошен, но имаме решение: со парите на граѓаните ќе ги купуваме идеите на граѓаните. Така нивните пари ќе кружат, а власта ќе си остане истата – вели Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на партијата.
Тој информира дека премиерот денеска ќе пресече ленти на 143 вакви тезги, а за потребите на МПЦ на три тезги ќе се стави камен-темелник за да може да го пее поп и нашата света црква да види аир од овој проект.