И по вонредната состојба, остануваат мерките за ослободување од работа на одредена група граѓани

by Fokus

Министерството за здравство информира дека Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 65 седница заклучи дека и по завршување на вонредната состојба ќе продолжат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски одредени категории на граѓани.

Од работни обврски остануваат ослободени родителите на деца на возраст до 10 години или активно четврто одделение, хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои ја користат услугата дневен центар како и лицата кои што на работа одат со придружба -потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо овие лица да ги извршуваат своите работни обврски од дома.

Поврзани новости