И кривични и контра кривични: Продолжува сагата со еврообврзницата

by fokus 11:46
11:46

Денеска опозиционерите ќе ги поднесат кривичните пријави за како што велат незаконското издавање на еврообврзницата .

Опозицијата тврди дека таа е издадена без правно мислење од министерот за правда, а дека со тоа министерот Миноски ја злоупотребил службената положба

Партијата упати обвинување и до заменик министерката за правда, Билјана Бришковска која исто така ќе се соочи со кривична пријава. За неа велат дека „неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите кога е договорено 450 милионското финансиско злосторство врз граѓаните“.

Според Министерството за финансии нема ништо незаконско во издавањето на еврообврзницата.

„Со цел да се заштити и угледот на институцијата Министерство за финансии и на земјата, Министерството ќе поднесе соодветни тужби до сите инволвирани страни кои со клевета придонесоа за нарушување на меѓународниот углед финансии. Согласно кривичниот законик, потсетуваме дека кривична пријава може да се поднесе и за лажно пријавување на кривични дела“ – велат од Министерството за финансии.

Министерот за правда Владет Џафери тврди дека до сега до него од Министерството за финансии не стигнало никакво барање за правно мислење за еврообрзницата.

„До овој момент од Министерството за финансии до Министерството за правда нема доставено никако барање за правно мислење за издавањето на еврообврзницата“, вели министерот за правда Владет Џафери.

Според некои информации се очекува министерот денеска да даде пртавно мислење за еврообврзницата.

Поврзани новости