Хуманитарен караван: Везе Шари и Lecker за месец Рамазан и Велигденските празници достави пакет производи во секој град на најзагрозените семејства!

by fokus

Компаниите Везе Шари и Lecker имаат своја мисија, секоја година да донираат пакет свои производи, за секој празник без разлика на верската припадност и етникум, донации кои ги доделуваат токму на оние кои им се најпотребни, семејствата кои се социјално загрозени.

Во исполнување на својата мисија, компаниите продолжуваат и оваа година со донирање на 350 пакети на свои производи во социјалните центри за најзагрозените семејства од секој град во Северна Република Македонија.

„Оваа социјална категорија на луѓе сакаме да ги направиме безгрижни и да изнудиме насмевки барем на најголемите два празника светиот месец Рамазан и Велигден. Празниците се период на споделување и помагање, она што ние како компанија се трудиме да направиме е да бар за најзначајните празници семејствата имаат соодветна трпеза“, изјавија од компанијата.

„Придонесот на компаниите Везе Шари и Lecker кон доброто на заедницата е важен дел од нашата корпоративна стратегија. Како општествено одговорни компании се грижиме да придонесеме и да помогнеме во подобрување но и подигнување на квалитетот на живот пред се на најранливите категории, а потоа и на целото општество преку поддржување на активности во спортот, културата, едукацијата на младите и заштитата на животната средина. Придонес и поддршка која не претставува обврска, туку задоволство во споделувањето за подобро утре. Овогодинешната донација ја реализиравме во соработка со социјалните центри во сите градови од државата и секако во соработка со Министерството за труд и социјала и министерката Шахпаска. Со помош на оваа соработка нашата помош пристигна во вистински раце, онаму каде беше најпотребна, и затоа упатуваме голема благодарност за професионалната соработка“, додадоа од компанијата.

Поврзани новости