Хрватска од денеска почна со издавање ковид сертификати

by Fokus

Хрватска од денеска почнува со издавање на ковид пасоши, односно зелени сертификати, а одлуката за тоа ја донесе владата на телефонска седница.

Покрај олеснувањето на движењето на граѓаните при преминување на хрватските гранични премини, но и граничните премини на земјите-членки на ЕУ со кои ќе бидат склучени билатерални договори, ковид пасошите можат да се користат и за други цели, во согласност со одлуките на Главниот штаб врз основа на Законот за заштита на граѓаните од инфективни болести.

Дигиталниот ЕУ ковид сертификат го издава Министерството за здравство, а може да се побара и на Интернет, преку порталот е-граѓани или физички, во филијалите на Хрватскиот институт за здравствено осигурување, пренесуваат хрватските медиуми.

Граѓаните кои примиле една доза вакцина ќе можат да добијат сертификат, но тоа не значи дека ќе можат да влезат во сите земји на ЕУ, бидејќи во повеќето е дозволен влез со две дози.

Поврзани новости