Хрватите рекордери во ЕУ: 70 отсто од младите живеат со родителите

by fokus 12:11
12:11

Две третини од младите Хрвати на возраст од 18 до 34 години се уште живеат заедно со своите родители. Ова ги прави Хрватите рекордери во Европската унија, каде просекот на младите лица кои живеат во домот на родителите е 48 отсто.

Според податоците на Евростат, нешто подобри од Хрватите се Словаците, Србите, Италијанците и Малтежаните.

- Advertisements -

-За да се иселите од кај родителите треба да имате извесни приходи. Друг фактор се цените на недвижнините, цената на наемот; луѓето, едноставно, тоа не можат да си го приуштат, а причина е и извесната навика и комодитетот, вели социологот Гојко Бежован, а пренесува Индекс.хр.

Домовите на своите родители најбрзо ги напуштаат Данците, а зад нив се Финците, Швеѓаните и Норвежаните.

Поврзани новости