Холандија со вето за Бугарија за влез во Шенген зоната

by fokus

Холандските пратеници изгласаа декларација со која бараат премиерот Марк Руте да стави вето на пристапувањето на Романија и Бугарија во Шенген зоната , бидејќи тие сакаат да го анализираат функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји.

Ова следува откако пред два дена Европскиот парламент усвои резолуција да им се дозволи на двете источноевропски земји да ѝ се приклучат на зоната без граници.

Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека Софија и Букурешт станале заложници на внатрешната холандска политика и порача дека „Холандија е сама“ во оваа одлука.

Поврзани новости