Хирург од болница во Газа: „Со оцет ги лечам ранетите, нема лекови“

by Fokus

Хирургот Гасан Абу Ситах, кој работи во болница во Газа, се пожалил дека мора да ги дезинфицира раните на повредените со оцет од продавница бидејќи медицинските лекови се при крај, пишува „Скај њуз“.

Докторот на социјалната мрежа „Икс“ објави фотографија од шише оцет што го користи за лекување.

Тој работеше во различни болници во Газа од избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас и оперираше во болницата Ал-Ахли, која беше погодена од две ракети во вторникот, при што загинаа речиси 500 луѓе.

Израелската армија отфрли каква било одговорност за нападот и го обвини Хамас, додека палестинската група го возврати обвинението. Израел подоцна објави неколку видеа од ракетниот напад врз болницата, тврдејќи дека „тие докажуваат дека тоа не е нивна вина“.

Хуманитарната агенција на Обединетите нации (OCHA) претходно соопшти дека болницата Шира во Газа била преплавена од ранети пациенти. Како што е соопштено, лекарите биле принудени да ги оперираат ранетите на подот, главно без анестезија.

Поврзани новости