Хан вели дека ЕУ ќе вложи огромен напор изборите во април да бидат фер

by Фокус

-Ние, ЕУ и меѓународната фамилија, ќе вложиме огромен напор за изборите во април да бидат фер и да минат во согласност со меѓународните стандарди, како и да бидат добро набљудувани, изјави еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за австрискиот весник „Стандард“.

Еврокомесарот рече и дека според неговите информации, преговорите за избор на специјален обвинител напредуваат добро.

-Опозицијата наредната недела мора, како што е договорено, да се врати во парламентот. Потоа ќе биде именуван Специјален обвинител. Во врска со тоа, од страна на двете големи партии слушам дека добро се напредува, рече Хан.

Што се однесува до членството на Македонија во Европската унија, еврокомесарот Хан вели дека пред се, треба да се спроведат реформи.

-Сега пред се‘ Македонците мора да спроведат реформи. Со наше посредство е договорен обемен реформски пакет, кој се надевам дека ќе придонесе за надминување на долгогодишната политичка криза. Спроведувањето на реформскиот пакет е предуслов за воопшто да може да се разговара за евентуален почеток на конретни преговори за приклучување. Паралелно со тоа, да се надеваме, ќе се надмине и спорот со Грција, изјави Хан.

Поврзани новости