Груевски: Заев вели дека ќе има кривични пријави, велеше и дека Владата ќе падне за три дена

by Фокус 17:29
17:29

-Тоа е дел од фолклорот на Заев кој изминатиот период има тешка задача да го одржи моралот и духот меѓу неговото членство. Како што знаете, во минатото говореше дека за три дена ќе падне Владата. Потоа ја смени изјавата и кажа дека нема да падне за три дена, туку ќе падне за 30 дена, па дека ќе падне за 45 дена, па за 60 дена итн. Во меѓувреме ништо од сите тие работи не се реализира, рече премиерот Никола Груевски за изјавата на Заев дека очекува до изборите во април да бидат поднесени кривични пријави за сите направени криминали.

Груевски додаде дека на Заев му била потребна нова приказна за да му даде некаква надеж на неговото членство дека СДСМ има шанси да победи на изборите во април, а тоа го правел со изјави дека ќе има некакви апсења, дека ќе има обвиненија и дека на тој начин СДСМ ќе добие некаква шанса.

- Advertisements -

-Човекот мора да се снаоѓа, мора нешто да им каже на луѓето да се борат дека има некаква шанса да победат односно да го добијат мнозинството од гласовите на граѓаните. Така што тоа е дел од неговиот фолклор за одржување на атмосферата во неговата партија. Нека продолжи така, а ние ќе продолжиме со проекти, со исполнување на нашата Програма и со помагање на народот и на граѓаните, рече Груевски.

Поврзани новости