Eврокомесарот за проширување Јоханес Хан во 10.30 часот почнува со билатерални средби со лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино. По овие средби ќе има заедничка средба со сите партии.

Хан доаѓа во увид на досегашната имплементација на Договорот од Пржино. Заедно со неговото доаѓање, премиерот денеска најави дека ќе ја депонира својата оставка до Собранието со услов „сто дена пред избори“. Вчера продолжија и преговорите на партиските работни групи со посредникот Ванхауте и во делот за медиуми. Засега останува блокирана Анкетната Комисија за скандалот со прислушувњето, а се уште „виси“ и Избирачкиот список.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.