Гутереш: Дијалог со талибанците ќе спречи милиони смртни случаи

by Fokus

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во интервју за Франс Прес побара од меѓународната заедница да одржи дијалог со талибанците во Авганистан, предупредувајќи дека мора да се избегне „економски колапс“ што може да предизвика смрт на милиони луѓе.

– Мораме да одржуваме дијалог со талибанците, директно афирмирајќи ги нашите принципи – дијалог со чувство на солидарност со авганистанскиот народ, рече тој.

– Наша должност е да покажеме солидарност со луѓето кои страдаат многу и каде милиони ризикуваат да умрат од глад, додаде Гутереш.

Поврзани новости