Грузија победи, Македонија 12 – та на детскиот Евросонг

by fokus 00:00
00:00
 
Десет годишната претставничка на Грузија, Мариам Мамадашвили победи на годинашното, четиринаесетто издание на Детскиот Евросонг во Малта. Таа ја освои публиката со шармантната изведба на песната ,,Mzeo’’ што во превод значи Сонце.
thumbnail_detski-evrosong1

Мариам освои 239 поени, второто место и припадна на Ерменија со 232 поени, а пак третото на Италија, со 209 поени.

Нашата претставничка Мартија Станојковиќ освои 41 поен и се најде на дванаесеттото место, од вкупно 17 натпреварувачи. Таа настапи со песната  „Love Will Lead Our Way“ („Љубовта нè води“) чиј комплетен автор е Александар Масевски.

- Advertisements -

 Ова беше 12-то учество за Македонија на овој натпревар, каде што двапати сме го освоиле петтото место, што е наш највисок пласман досега.

Според коментарите на социјалните мрежи, Грузија сосема оправдано се закити со победа.

Мариам изгледаше и пееше како дете, за разлика од повеќето претставници, кои што и покрај тоа што настапуваа на Детски евросонг, изгледаа како дваесет годишни изведувачи, со премногу шминка и стајлинг кој што не е соодветен за нивната возраст.

Исто така, и повеќето песни добија критики, бидејќи  потсетувале на нумери наменети за повозрасна публика, а не на детски песни, за кои што е создадена  манифестацијата.

В.К.

Поврзани новости