Груевски: Зад „Феникс“ стојат исплашени политичари на чело со Заев

by Фокус

Контролираниот правосудeн систем на власта е претворен во инструмент и алатка за дефокусирање од криминалите на поединци од власта и за политичка елиминација на политичките неистомисленици, а во прв ред оние во кои народот има некаква доверба, пред сѐ заради страв, реагира поранешниот премиер Никола Груевски, кој е првоосомничен во истрагата „Феникс“ за испумпување на милионски средства во „Скопје 2014“.

„Обвинителството соопштило дека од 2016 година, односно 7 години води некаква истрага која не е им била завршена, а од наративот на обвинителот и нема најава дека брзо ќе заврши, а се однесува за дел од проектите на т.н. проект Скопје 2014 односно за 11 споменици и објавиле листа на осомничени, лица во кои се сомневаат, а за неколкумина дури побарале притвор, што во пракса за ова контролирано правосудство значи и дека ќе добијат мерка притвор.

Зад оваа постапка стојат исплашени политичари, на чело со Заев кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката, од неговата партија СДСМ, но и од други партии. Токму заради тоа влијание тој и си дозволува правосудството да го користи освен во политички и во криминални бизнис цели и активности.

Исплашените политичари имаат причина да бидат исплашени. Премногу зло направија и сѐ уште прават убедени дека така вечно ќе просперираат. Нема! Историјата го покажала тоа. Тоа се природни закони. Едно треба да знаат, дека какви и зло сега да прават скриени како глувци зад правосудниот систем кого го контролираат и зад партиите, нема да успеат и дека не треба нив друг да ги уништи, бидејќи самите ќе се уништат, како што веќе и го прават тоа, затоа што нечесните методи со кои работат ќе доведат до тоа“, напиша Груевски на фејсбук.

Поврзани новости