Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски придружуван од претставници на партијата е во дводневната работна посета на Брисел.
Груевски заедно со министрите за надворешни работи и за здравство Никола Попоски и Никола Тодоров, и пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, денеска имаа средба со европратениците Маријана Петир, Милан Звер и Едвард Кукан.
Експремиерот вели дека оваа посета била партиска посета за евроатлантските интеграции на Република Македонија, но и за намалување на штетите во државата предизвикани од политичката криза.
-Ние сме дојдени да се видиме со повеќе пријатели на Македонија и пријатели на ВМРО-ДПМНЕ. Со дел од нив имавме денеска средби, а продолжуваме и во текот на утрешниот ден, така што ќе имаме поголем број средби на кои што разменуваме различни информации, мислења и ставови и секакви други прашања поврзани со евроатлантските интеграции на Македонија. Но, како што реков, разговаравме и за намалувањето на штетите од политичката криза предизвикана од опозицијата во земјата, а во поглед на македонските евроатлантските интеграции, изјави Груевски за МИА.