Премиерот Никола Груевски при денешната посета на Клиничкиот центар рече дека не се плаши и нема зошто да се плаши од специјалната обвинителка Катица Јанева. Исто така, негираше дека неговата партија е замешана во корупцискиот скандал со „Маѓар Телеком“.
-Да потсетам, ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција постојано апелираше дека треба да се либерализира телекомуникацискиот сектор. Тоа не се правеше од страна на СДСМ која беше на власт, и која имаше мнозинството во Парламентот. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, уште пред тогашниоте избори во 2006 година, дадовме јавно ветување дека ако дојдеме на власт, дека во првите 60 дена ќе биде објавен јавен повик за трет мобилен оператор. Повикот беше објавен и беше избран трет мобилен оператор, а цените на услугите паднаа. Тогаш, се е јасно, изјави Груевски.
За тоа кој ја предложил Катица Јанева за специјален обвинител, премиерот рече дека сите страни се согласиле за нејзиниот избор.