Кој од власта ќе гради хотелски комплекс од 200 метри во Градски парк?

by Фокус 12:56
12:56

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски објави дека Владата донела одлука со која на местото на сегашните бараки во кои е сместена локалната самоуправа на Град Скопје ќе се гради хотелски комплекс. Предвидените димензии се застрашувачки- 218 метри должина, 100-тина метри висина и 28 метри ширина. Тоа практично значи дека целиот простор кај бараките или од Зоолошката градина до фонтаната во паркот ќе биде узурпиран од бетонска гломазна градба.

image-21096cc963b634403b2c9ffbb37d72ef54d63df7c5d58a8981108365a5ff13a3-V_resized

- Advertising -

Иако според Деталниот урбанистички план на општина Центар било предвидено на таа локација да се изградат гаражи и паркинг места за жителите на градот кои го користат паркот за рекреација, сепак власта со одлуката го прогласила местото со посебен интерес иако нема таква оправданост затоа што хотел не може да биде од посебен интерес за граѓаните. Тоа може да бидат објектите како болници, училишта, градинки и слично.

-Узурпацијата на земјиштето во општина Центар и бизнис интересите на власта доживуваат фрапантни размери. Го прашуваме Груевски дали се работи за општ интерес или за посебен интерес на градежната мафија?- праша Жерновски.

Со оглед дека во законите не се дефинираат јасно сите објекти кои можат да бидат од посебен интерес Владата си ги користи аномалиите и во име на граѓанскиот интерес узурпира општински земјишта.

-Со ваквиот објект под сенка ќе биде целиот парк. Нема да има ниту светлина, ниту воздух. Но за Груевски не е проблем бизнис интересите да бидат поважни од здравјето на граѓаните- коментираше Жерновски.

Поврзани новости