ОМ: Катица Јанева нема да потклекне на притисоци

by Фокус

Партијата Обедините за Македонија го поздрави изборот на Катица Јанева за специјална обвинителка и изрази надеж дека ова ќе биде  почеток на фунционирањето на правната држава.

-Цврсто сме убедени дека нема да потклекне на ниту еден притисок, ако се земе предвид опкружувањето во кое ќе работи. Најискрено очекуваме обвиненија против најголемите виновници кои не доведоа до овој степен, со посредници да го средуваме правниот систем во државата. Тоа е долг и тежок процес, кој ние го поддржуваме, стои во соопштението на ОМ.

Тие очекуваат и случајот со нивниот лидер Љубе Бошковски да биде разггледан од страна на специјалната обвинителка, бидејќи , како што велат, се работи за политички монтиран случај кој неколкупати се споменува во бомбите кои ги објави опозицијата.

Поврзани новости