Груевски најави бесплатен превоз за студентите од државните универзитети

by Фокус 20:03
20:03

Премиерот Никола Груевски денешното обраќање на свечената академија по повод утрешниот празник Свети Климент Охридски го искористи за да промовира два нови проекти на Владата. Едниот од нив е обезбедување бесплатен превоз за студентите од државните универзитети, а вториот средношколска среда во која средношколците ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.

-Сите редовни студенти од државните универзитети од идната година секој ден ќе имаат бесплатен јавен превоз за сите линии. Доделени ќе им бидат картички од јавните сообраќајни претпријатија, а Владата, за да се спроведе оваа мерка, ќе исплаќа трансфери на средства, рече Груевски.

- Advertisements -

Двата проекти ќе стартуваат од први јануари, а бесплатен превоз нема да добијат вонредните студенти, но и студентите кои се запишани на некои од приватните универзитети во земјава.

Поврзани новости