ВИДЕО: Српски министер ќе биде сменет поради сексистички коментар кон новинарка

by Фокус 20:48
20:48

Српскиот премиер Александар Вучиќ најави дека ќе го смени министерот за одбрана, Братислав Гашиќ, поради сексистичкиот коментар кој и го упати на една новинарка. Министерот Гашиќ при давање изјава кога една новинарка клекна за да не влезе во кадар, искоментира: Сакам новинарки кои вака лесно клекнуваат.

-Тоа се работи кои никому не треба да му се случат. Секогаш сум бил против хајки и ги бранев министрите кои ги напаѓаа. Себеси се поставував како штит и ги бранев од лажните напади.  Но, за вакво нешто нема оправдување. Им се извинувам на новинарките и добро е што Гашиќ се извини, но тоа не е доволно. Затоа тој не може да остане министер, изјави премиерот Вучиќ.

- Advertising -

Министерот за одбрана, Братислав Гашиќ сексистичкиот коментар го даде во Трстеник по посетата на Првата наменски изградена петолетка.

 

Поврзани новости