Груевски и Протуѓер на сметката на ВМРО-ДПМНЕ уплатиле 520.000 евра незаконски прибавени пари, рече обвинителката

by fokus

Конечно почна главната расправа во предметот Титаник со презентирање на обвинителниот акт.

Обвинителката Лиле Стефанова рече дека со сослушување на сведоци и презентирање материјални докази ќе биде докажано дека обвинетите формирале злосторничко здружување пред изборите во период од 2011 до 2014 за да обезбедат повеќе гласови за партијата.

Како што рече Стефанова, во текот на постапката ќе се докаже дека Никола Груевски и Мартин Протуѓер во 2011 година обезбедиле незаконски 520.000 евра со ПП10 налози. Овие средства обвинетиот Далибор Алешковиќ ги уплаќал на изборната жиро сметка на партијата како донации од 529 лица. Иако овие средства, рече Стефанова, не биле напишани во налозите.

Презентирањето на обвинителниот акт е во тек.

М.В.

Поврзани новости