СЈО бара конфискување на имот во вредност од 2 милиони евра од обвинетите Груевски, Протоѓер и Димовски

by Fokus

На крајот од презентирањето на обвинителниот акт, обвинителка Лиле Стефанова поднесе посебен предлог за конфискација на имот од обвинети во предметот Титаник.

Од Никола Груевски и Мартин Протуѓер се бара солидарно да се конфискува имот во вредност од 34.908.700 денари. Од Никола Груевски повторно, Илија Димовски и уште еден обвинет се бара солидарно конфискување на имот во вредност од 41.435.400 денари. И со третиот посебен предлог е опфатен Груевски. Од него, Димовски и од обвинетиот Леко Ристевски се бараат 62.730.874 денари.

М.В.

Поврзани новости