Груевски брка инвестиции во Индија, Иванов во Катар

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска го продолжува владиното роуд-шоу во потрага по инвестиции во Индија, додека претседателот Ѓорге Иванов ја започнува работната посета во Катар.

„Добрите политички односи, редовниот дијалог на највисоко ниво и солидната правна рамка создаваат услови за интензивирање на економската соработка и за катарски инвестиции во Македонија“, му рекол Иванов на емирот Тамим Бин Хамад Ал Тани.

Според соопштението во претседателскиот кабинет, како области во кои постои интерес на Катар за инвестирање се земјоделието, производството на храна, градежништвото, инфраструктурата, туризмот, недвижностите, телекомуникациите.

Поврзани новости