Мултиетничкиот синдикат за образование го поддржува генералниот штрајк на СОНК

by Фокус

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) го поддржува штрајкот на СОНК, кој е најавен за 20 јануари. Тие ги повикуваат сите членови и вработени во образованието, кои не се синдикално организирани, да се вклучат во генералниот штрајк.

– Проблемите во образованието се исти и сите треба со заеднички сили да се избориме тие да се подобрат. Потсетуваме дека правото на штрајк е право кое е гарантирано во Уставот на Република Македонија. Исто така, сакаме да ги потсетиме сите оние што ќе си земат за право да вршат притисоци врз оние вработени кои сакаат да го искористат своето уставно гарантирано право на штрајк дека член 156 од Кривичниот законик пропишува дека тој што на друг со сила или сериозна закана ќе му го одземе или ограничи правото на штрајк, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година – се наведува во соопштението од МЕСО.

Од таму ги повикуваат родителите на учениците во училиштата во кои ќе се штрајкува да покажат разбирање за проблемите на вработените кои ќе штрајкуваат.

 

Поврзани новости