Груби: ДУИ бараше уривање на објектот пред Мавровка, дивоградба е и терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека уривањето на дивоградбата пред Мавровка било предизборно барање на ДУИ. Вели дека мора да се почитува законот и оти треба да бидат урнати и платформата на Матка и многу нелегално изградени објектии во Охрид, но и терасата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ која е дивоградба.

– Не ја донесе премиерот оваа одлука, ја донесе Владата како колективно тело и тоа беше дел уште од преговорите како наше барање. Приоритет ќе ни биде владеење на право и неселективна правда, рече Груби за ТВ Сител.

Запрашан дали по уривањето на објектот кај Мавровка ќе има постапка и за платформите на Матка и во Охрид за дивоградбите на членот на ДУИ Нефи Усеини, тој вели дека според таквата една логика треба да започнат со уривање на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

-Апсолутно секако, мора да се почитува законот и ќе видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга ќе има постапка. Ама многу е важно да не постапува партијата туку тоа да го прават институциите, рече Груби.

Поврзани новости