Графити „Бојкот на референдум“ и „Северна никогаш, Македонија секогаш“ осамнаа на градинка

by fokus

Како што се наближува времето за референдумот на 30-ти септември, така расте политичката тензија помеѓу граѓаните во Македонија.

Некои јавно порачаа дека ќе гласаат „за“ на референдумот, додека пак некои соопштија бојкот на истиот. Постојано се упатуваат пораки поврзани со овој референдум, а некои тие осамнуваат на погрешни места.

Графити со натпис „Името ни е идентитетот“, „Северна никогаш, Македонија секогаш“ осамнаа на детска градинка. Социјалните мрежи бурно реагираа на ваквата слика што се остава пред најмладите, без разлика на политичката определба и нивното мислење за референдумот.

ФОТО – Твитер (@VidanaDeSign

Поврзани новости