Градоначалникот на Кисела Вода позитивен на корона вирус

by fokus

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски вечерва објави дека е позитивен на корона вирус.  Тој сподели дека се чувстува добро и има благи симптоми.

-Во текот на вчерашниот ден појавив благи симптоми на Ковид 19, по што денес направив ПЦР тест кој покажа дека сум позитивен на ковид-19. Се чувствувам добро и се надевам дека состојбата нема да се промени, а симптомите ќе бидат сведени на минимум. Се извинувам доколку ненамерно некому сум ја пренел болеста без да знам, напиша Темелковски на Фејсбук.

Поврзани новости