Градоначалникот на Гази Баба бара Арсовска да ги исполни ветувањата што ги дала

by Fokus

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски се пожали дека во изминатиот период имало случувања во Градот Скопје каде што директно или индиректно биле вклучени градоначалници на скопските општини, но тој конкретно не била поканет на реконструкцијата на улицата „Перо Наков“ од страна на градоначалничката на Градот Скопје, иако Општина Гази Баба била вклучена во сите процедури за отпочнување на реализација на овој голем проект кој што е од особен интерес за жителите на  Гази Баба.

„Јас бев еден од првите градоначалници што на своја кожа, народски кажано, го почувствува она што провејуваше изминатиов период во јавноста дека имаме недоволна и ниско ниво на комуникација помеѓу локалните самоуправи со Градот Скопје.

Искрено јас како градоначалник и како еден од лицата што заедно со неа одевме во кампања и ја баравме довербата од граѓаните ветувајќи ги сите овие проекти, секој проект што е од интерес на граѓаните, а се однесува на Општина Гази Баба јавно ќе го поддржам и ќе го пофалам.

Меѓутоа чекаме од Градот Скопје да се вклучи со поголема динамика во реализација на други проекти кои што заедно ги имаме ветено, а се од директна надлежност на Градот Скопје.

Знаеме дека во општина Гази Баба владее сообраќаен хаос, кој што е еден од главните проблеми на урбаните населени места, тука во самата програма на Градот Скопје има реализација на неколку капитални проекти и се надевам дека во наредниот период ќе се изнајде решение за тие проекти“, вели Стефковски.

 

Поврзани новости