Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Минчо Јорданов ќе почне да плаќа за вода

by fokus

Очигледно ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека нивниот омилен бизнисмен и градител на нивното седиште за прв пат во историјата на Град Скопје ќе почне да ја плаќа водата којашто досега бесплатно ја употребуваше, велат од Град Скопје, алудирајќи на сопственикот на градежната компанија „Бетон“ и сопственик на „Макстил“, откако градското собрание донесе одлука и комплексот Железара да плаќа сметки за вода по цена како останатите компании.

Од Град Скопје ги демантираат изјавите од ВМРО-ДПМНЕ дека за членови на управни и надзорни одбори се поставени партиски војници.

„Со цел да се минимизира ваквата одлука на Градоначалникот и Советот на Град Скопје за новата повисока цена на водата за „РЖ Услуги АД Скопје“, истите одлучуваат преку своите медиуми да креираат лажни наслови и вести за да ја дефокусираат јавноста од оваа историска одлука којашто е во полза на граѓаните. Град Скопје одговорно тврди дека сите членови на управните и надзорните одбори ги исполнуваат законските услови за нивно назначување, а за поголема транспарентност и ефикасно работење на институциите, во нив за првпат се вклучени и професионалци од администрацијата на Град Скопје“, велат од Градот.

Од таму додаваат дека ова е уште еден од неуспешните обиди за манипулирање со јавноста преку кој ВМРО ДПМНЕ, како што велат, само потврдува дека не може да се помири со фактот што повеќе не раководи со јавните институции на Град Скопје, а наместо нив, истите сега се во надлежност на одговорни професионалци.

 

Поврзани новости