Гори трева во Лисиче

by Фокус

Пожар избувна доцна попладнево во скопската населба Лисиче во Општина Аеродром, а противпожарните екипи веќе се на терен.

Пожарот се случил на улицата „Тодор Чангов“, а според информациите од Центарот за управување со кризи, на терен се две цистерни на скопската противпожарна бригада и осум пожарникари.

Од ЦУК велат дека не претставува опасност за околните куќи и згради , како и дека веќе е под контрола.

Поврзани новости