Ѓорчев посети неколку цркви и манастири за Бадник-Божиќ

by Фокус

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, по повод Бадник-Божиќ, посети верски храмови во неколку различни места во земјава.

Ѓорчев го посрти Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител, каде оствари средба со игуменот Архимамдритот Партениј и монасите, а потоа со повеќе стотици верници присуствуваше на бадниковата изведба на етно составот “Љубојна”.

Тој беше и во Тетово, каде присуствуваше на концертот на хорот “Менада” во црквата Св. Кирил и Методиј, заедно со владиката Јосиф од Полошката тетовско – гостиварска епархија.

Истиот ден, пратеникот ја посети и црквата “Успение на Пресвета Богородица” во Струмица, посакувајќи им честит Божиќ на верниците.

Заедно со сопругата и децата, Влатко Ѓорчев присуствуваше на Божиќниот концерт и претстава пред црквата Св. Димитрија во Скопје, како и пречекот на Бадниковата поворка во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.

„Вреди да се стигне секаде. Убава е нашата Македонија. Христос се роди!“, напиша тој на неговиот фејсбук профил.

Поврзани новости