Го повикал за да расчистат долг, но го нападнал со пријатели и куршуми

by Фокус

Синоќа пред полноќ, во Полициската станица во Кавадарци А.В. (38) од село Росоман пријавил дека истиот ден околу 18,00 часот бил повикан од С.К. од Скопје да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко- доверителски односи, но кога стигнал таму дошло до инциндент.

„Кога стигнал таму, заедно со С.К. било уште едно лице од Скопје, негов пријател. Пред да му ги даде парите, С.К., според пријавителот, го повикал и Б.П. од Росоман, кој откако дошол веднаш почнал да се расправа со пријавителот и физички го нападнал. Во моментот кога пријавителот го напуштил објектот, според него, С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден“, соопштија од МВР.

Од таму посочуваат дека на пријавителот А.В. му е укажана лекарска помош во Општата болница Кавадарци и е пуштен на домашно лекување.

Поврзани новости