Двајца Бугари биле приведени во Скопје поради кражба

by Фокус

Две лица од Бугарија вчера пред полноќ биле приведени на Партизанска поради сомнение за кражба.

„На 06.01.2019 година во 11,30 часот во Скопје на булеварот „Партизански одреди“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба“ по чл.235 од КЗ на РМ, приведени биле А.М.Д.(32) и Е.С.К.(28), двете од Р.Бугарија“, информираа од МВР.

Лицата биле задржани во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

Поврзани новости