СДСМ: Власта им скина 140 милиони евра законски пари на земјоделците

by Фокус 16:04
16:04

Панче Орцев, пратеник и член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, денеска јавно запраша каде се субвенциите за земјоделците, кои се уште не биле исплатени  за 2013 година?

-Срамно е објаснувањето на Никола Груевски дека токму за субвенциите имало процедурални и технички причини поради што тие останале неисплатени. Требаше да се слушнат најави за протести со кои земјоделците ќе си ги бараат законските права, за наводно посветената власт и Груевски да мора да најави исплата на заостанатите субвенции и почеток на исплата на субвенциите за житните култури за 2014 година и тоа на месец ипол пред крај на годината, рече Орцев.

- Advertisements -

Тој додаде дека така не се планирало производството, а почитта кон трудот на земјоделците се покажувала со редовно исплаќање на субвенциите, бидејќи само така земјоделецот можел да го планира своето производство.

-Еве ги разликите од планираното до реализираното. Во 2013 година на земјоделците им се исплатени околу 40 милиони евра помалку од планираните (Податоците се од завршните сметки на буџетите објавени во Службен весник на РМ). А, од 2010 до 2013 година во просек земјоделците добивале над 30 милиони евра помалку по година во однос на предвидените пари во Буџетот, истакна Орцев.

tabela

Поврзани новости