866
Новата владина акција “Врати тендер, продај стан” наидува на голем одзив кај функционерите во сите ешалони на власта. “Коза ностра” дознава дека работниот наслов на акцијата е “Пресретни го Шилегов”, а идејата е функционерите да се ослободат од непријавениот имот и од сомнителните зделки пред оној издаицата од СДСМ да ги издаде во јавноста.
Поради акцијата се очекува и мал пад на цената на квадратот во Скопје поради нагло зголемување на понудата на станови за продавање.