Го зел пиштолот од мајка си и ги застрелал другарите – уапсен е 11-годишник

by Fokus

Единаесетгодишно момче е уапсено откако застрелало две 13-годишни деца по расправија на фудбалски тренинг во централна Флорида.

По физичка пресметка тој извадил пиштол од автомобилот на мајка му и испукал еден истрел, соопшти полицијата.

Едното момче било застрелано во раката, а другото во телото, поради што била потребна операција.

Напаѓачот се соочува со обвинение за обид за убиство од втор степен.

„Веројатно и возрасните ќе бидат обвинети бидејќи огненото оружје не било соодветно отстрането“, рече началникот на полицијата, Мајк Мекинли.

Не е познато што довело до првичната расправија, која настанала за време на фудбалскиот тренинг.

„Спорот меѓу нив се пресели од спортскиот објект на паркингот, пред напаѓачот да го земе оружјето од автомобилот на неговата мајка, рече Мекинли.

На жртвата, која беше застрелана во раката и беше укажана лекарска помош и беше пуштена од болница истата вечер, додека неговата повреда на телото е во стабилна состојба, по операцијата, пренесуваат американските медиуми.

Поврзани новости