Го застанале, му упатиле вулгарни зборови, па физички го нападнале

by fokus

Во Полициската станица Карпош синоќа во 21 часот Х.Р.(24) пријавил дека околу 16:20 часот на булевар „Партизански Одреди“ во близина на надвозникот „Влајко“ додека управувал возило во кое како сопатник била неговата пријателка во еден момент друго возило му го попречил патот, а лицата кои биле во возилото му упатиле вулгарни зборови.

По кратко време повторно му го попречиле патот во близина на кружниот тек кај Порта Влае и две лица од возилото физички го нападнале Х.Р. Во полициска станица се приведени Н.Г.(56) и З.С.(54) двајцата од Скопје.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани новости