Ги преземаме сите мерки за наплата на долгот од „Дивелоп Груп“, вели Лукаревска

by fokus

Управата за јавни приходи (УЈП) постапува и ги презема сите мерки за наплата на долгот од околу два милиони евра за ДДВ и данок на добивка од фирмата „Дивелоп груп“ и хотел „Гранд М“, изјави вечерва во Топ тема директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

-Тие се меѓу најголемите должници за неплатен данок, а кои се поврзуваат со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, односно се во сопственост на неговиот син Јордан и на Александар Ивановски познат како Алек Теранова, изјави Лукаревска.

Поврзани новости