Ги нападнал со нож вработените во маркет во близина на Драмски театар

by Fokus

Непознато лице со нож се обидело да ги нападне и ограби вработените во маркет во близина на Драмскиот театар, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 20.50 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во маркет во близина на Драмски театар непознато лице со нож се обидело да ги нападне и ограби вработените, но откако не успеал во намерата побегнал во непознат правец.  Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на настанот.

Поврзани новости