Германија соопшти дека собрала докази за воени злосторства во Украина.
Ова за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ го соопшти главниот обвинител на Сојузниот врховен суд, Петер Франк.
-Во моментов се фокусираме на масовните убиства во Буча и нападите врз украинската цивилна инфраструктура – изјави Фрaнк за весникот „Велт ам Зонтаг“.
Според него, обвинителството досега имало докази во „трицифрен опсег“. Фрaнк, сепак, не навлезе во детали.
-Германија почна да собира докази во март 2022 година за да покрене обвинение за можни воени злосторства, вклучително и со интервјуирање на украински бегалци и анализа на јавно достапни информации – рече Франк, додавајќи дека германските обвинители сè уште не истражуваат конкретни лица.
Но, додаде тој, обвинителството веќе се подготвува за можен последователен судски случај – или во Германија или со странски партнери пред меѓународен суд.